Кристина Краличин

-писателка и поетеса-

  •  8.6.2026 20:20

Во емисијата „Во потрага по Вистинскиот збор“ на Вистинска ТВ, ВИСТЕЛ, писателката Кристина Краличин беше гостинка во едно подлабоко телевизиско интервју посветено на нејзиниот книжевен пат, авторската филозофија и најновото творештво.

  •  22.5.2026 22:22

Разговорот отвора повеќе прашања отколку што нуди конечни одговори, поттикнувајќи размислување за иднината на човекот во свет во кој технологијата напредува со невидена брзина.

  •  24.4.2026 12:00

Водители Бисера Ловачева и Вера Мештеровиќ, гости во студиото Кристина Краличин, писателка, доц. др. Билјана Божиновска, спец. по радиодијагностика, и Драган Данев, директор на ДСУ Математичка информатичка гимназија.

  •  21.4.2026 14:02

Објавен е регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“ за 2026 година и по тој повод Никола Станков, новинар во Сител ТВ и Кристина Краличин, основач и главен организатор на Конкурсот, се вклучија во живо во утринската програма „Ја сакам Македонија“.

  •  12.4.2026 20:00

Италијанскиот медиум Giornale Centro Sicilia ја пренесе приказната за „Ars Lyrica Balcanica“. Проектот произлегува од соработката со македонската поетеса и писателка Кристина Краличин, која ќе ја преземе улогата на координатор и претседател на жири-комисијата на новата секција.

  •  10.4.2026 22:10

На 8 април 2026 година се одржа промоцијата на новиот роман на Кристина Краличин, „Извештајот на Рената“, четврти по ред од едицијата на 14 романи. Разговорот го водеа Билјана Црвенковска, уредничка на издавачката куќа „Чудна Шума“ и авторката.

  •  7.4.2026 12:12

Романот „Извештајот на Рената“ од Кристина Краличин, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“, ќе го промовираат Билјана Црвенковска и авторката во 19 часот во Салон 19:19, Културно-информативен центар во Скопје на 8 април.

  •  5.4.2026 22:22

Нова монодрама на македонската културна сцена, „Животот нема наслов“ чијашто премиера се играше во Културно-социјален простор Центар Јадро на Денот на театарот, 27 март 2026 година.

  •  21.2.2026 07:00

Извадок од прозното дело „И“ на Кристина Краличин, кое е во најтесен избор за наградата „Пегаз“ за 2024 и е објавено од „Арс Ламина“ во 2025 година, е објавен во списанието Книжевни елементи (пролет/есен 2025), во рамки на изборот на современа македонска книжевност.

  •  14.1.2026 14:10

На 5 декември 2025 година, во Библиотеката „Пјаца Сантини“ во Капачо Паестум (Италија), се одржа свечената церемонија на Меѓународниот фестивал за социјална поезија.

  •  13.1.2026 16:54

Неодамна од печат излезе интерактивната сликовница „Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници“ на Дарија Краличин Павлеска и Кристина Краличин Павлеска, во издание на „Панили“ од Скопје.

  •  24.12.2025 22:22

Поезијата што ги обединува народите: Кристина Краличин зборува за Академијата Парнас од Каникати на Македонската национална телевизија.

Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници

„Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници“ е волшебна интерактивна сликовница во која детето не е само читател, туку главен јунак на приказната. Секоја одлука што ја прави – која врата ќе ја отвори, кој пат ќе го следи или кој предмет ќе го избере – го води кон нови сцени, откритија и изненадувања. Приказната се одвива во магичната работилница на Дедо Мраз, каде што децата заедно со малите помошници тргнуваат во потрага по изгубените ѕвезди. На својот пат, тие влегуваат во тајни простории, следат светлечки траги, решаваат мали предизвици и откриваат дека секој избор создава нова приказна. Книгата има две завршници – потрага по златната и сребрената ѕвезда на Дедо Мраз – до кои се стигнува преку повеќе од пет различни начини на читање. Тоа значи дека секое дете може повторно и повторно да ѝ се враќа, секојпат доживувајќи ја поинаку. Создадена од мајка и ќерка – Кристина и Дарија Краличин Павлески – оваа сликовница ја спојува авторската прецизност со детската имагинација, нудејќи современ и топол пристап кон читањето, играта и заедничкото истражување. Ова не е само книга за читање. Ова е авантура што се избира, магија што се создава и приказна што расте заедно со детето.

Kristina Kralichin Youtube Channel

Kristina Kralichin Youtube Channel

Повеќе

„Радувајте им се на сопствените далечини, а мерете ги сопствените достигнувања.“ - КК

За Кристина Краличин image
Писателската дејност на писателката Кристина Краличин сама по себе значи инспирација.

Инспирирана од природата, од луѓето, од внатрешната содржина на сѐ што е видливо и невидливо за човечкото око. Краличин ги црпи темите од непресушниот извор на животот и таа своја инспирација несебично ја предава на читателите обликувана во формите на моралната естетиката на пишаната реч, во декорот на длабочината на мислата и моќта за досегање на мистиката во нано космосите на душевните пространства. Таму каде се протега најдлабоката интима на постоењето Краличин го надминала лимитот на времето и на просторот со успешност на автор кој ги оживува своите ликови во делата и кои говорат само кога се разбира нивниот начин на обраќање. Специфичноста како нивна карактеристика е уникатноста со која вреди одблизу да се запознае читателот, во индиректна комуникација преку ликот со авторката.

Токму затоа делата на писателката Кристина Краличин манифестираат силно енергетско поле со кое квантитетот го отвора хоризонтот за реалниот квалитет.

Резултати од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Надвор од градот, во градина / Off Urban, In Garden