Кристина Краличин

-писателка и поетеса-

  •  14.1.2026 14:10

На 5 декември 2025 година, во Библиотеката „Пјаца Сантини“ во Капачо Паестум (Италија), се одржа свечената церемонија на Меѓународниот фестивал за социјална поезија.

  •  13.1.2026 16:54

Неодамна од печат излезе интерактивната сликовница „Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници“ на Дарија Краличин Павлеска и Кристина Краличин Павлеска, во издание на „Панили“ од Скопје.

  •  24.12.2025 22:22

Поезијата што ги обединува народите: Кристина Краличин зборува за Академијата Парнас од Каникати на Македонската национална телевизија.

  •  23.12.2025 17:20

Кристина Краличин гостуваше во утринската емисија на Македонската Радио Телевизија „Македонија наутро“ на 23 декември 2025 година кај водителката Јована Костадиновска. Разговорот беше на тема од неодамна добиеното високо признание Амбасадорка на Стародавната Академија на Парнас за земјите на Балканот како титула за високата вредност на нејзиното поетско и литературно творештво.

  •  17.12.2025 14:14

Од печат излезе новото антологиско издание „Помеѓу небото и здивот – Инвертни ремек-дела - Том XXXIX Кристина Краличин и Рајнер Марија Рилке“ („I Capolavori InVersi XXXIX: Tra cielo e respiro“) објавено на италијански јазик во издание на GpM Edizioni / Grace Edizioni од Рим, Италија, во кое современата поезија на Кристина Краличин е поставена во книжевен дијалог со поезијата на Рајнер Марија Рилке (германски: Rainer Maria Rilke) (Прага, 4 декември 1875 година - 29 декември 1926 година), германски писател, еден од најголемите германски лиричари.

  •  6.12.2025 21:32

На македонската поезија ѝ е потребен поголем простор и внимание, овде мислам и на медиумска поддршка, вели за „Слободен печат“, писателката и поетеса Кристина Краличин.

  •  13.11.2025 22:10

Web Radio Avangard International - Бранови на иновација, на 13 ноември емитуваше дијалог за поезијата на Кристина Краличин и нејзината суштина.

  •  10.11.2025 18:10

Како порталот 'Voce Pubblica' од Италија ја претстави новата збирка поезија „Поезијата како идеален ентитет, етичката димензија на постоењето“ на Кристина Краличин напишана на италијански јазик. Статијата ја пренесуваме во целост на www.kralichin.com.

  •  26.10.2025 22:00

Краличин назначена за Амбасадорка на Академијата на Парнас. Со ова признание, таа ја истакна важноста на поезијата како универзален јазик што ги обединува различните култури. Конкурсот и оваа година ја потврди својата улога во промоцијата на поезијата и глобалната културна размена.

  •  10.10.2025 10:10

Краличин повторно во избрани автори од Италија во Антологијата на поезија од повеќе современи и класични автори Vol.2 за 2025 година.

  •  28.9.2025 19:00

На четвртата глобална женска лидерска конференција во Скопје, Кристина Краличин ја истакна важноста на меѓусебната поддршка и инспирацијата помеѓу жените за изградба на посилно и поеднакво општество.

  •  10.3.2025 17:12

Кристина Краличин гостуваше во „Наш Подиум“ на 7 март 2025 година кај водителката Јаглика Петковска. Разговорот беше на тема досегашното творештво на авторката, со посебен акцент на промоцијата на романот „И“ во издание на Арс Ламина, меѓутоа и на сите досегашни изданија на собјавените стихозбирки и белетристиката на писателката.

Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници

„Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници“ е волшебна интерактивна сликовница во која детето не е само читател, туку главен јунак на приказната. Секоја одлука што ја прави – која врата ќе ја отвори, кој пат ќе го следи или кој предмет ќе го избере – го води кон нови сцени, откритија и изненадувања. Приказната се одвива во магичната работилница на Дедо Мраз, каде што децата заедно со малите помошници тргнуваат во потрага по изгубените ѕвезди. На својот пат, тие влегуваат во тајни простории, следат светлечки траги, решаваат мали предизвици и откриваат дека секој избор создава нова приказна. Книгата има две завршници – потрага по златната и сребрената ѕвезда на Дедо Мраз – до кои се стигнува преку повеќе од пет различни начини на читање. Тоа значи дека секое дете може повторно и повторно да ѝ се враќа, секојпат доживувајќи ја поинаку. Создадена од мајка и ќерка – Кристина и Дарија Краличин Павлески – оваа сликовница ја спојува авторската прецизност со детската имагинација, нудејќи современ и топол пристап кон читањето, играта и заедничкото истражување. Ова не е само книга за читање. Ова е авантура што се избира, магија што се создава и приказна што расте заедно со детето.

Kristina Kralichin Youtube Channel

Kristina Kralichin Youtube Channel

Повеќе

„Радувајте им се на сопствените далечини, а мерете ги сопствените достигнувања.“ - КК

За Кристина Краличин image
Писателската дејност на писателката Кристина Краличин сама по себе значи инспирација.

Инспирирана од природата, од луѓето, од внатрешната содржина на сѐ што е видливо и невидливо за човечкото око. Краличин ги црпи темите од непресушниот извор на животот и таа своја инспирација несебично ја предава на читателите обликувана во формите на моралната естетиката на пишаната реч, во декорот на длабочината на мислата и моќта за досегање на мистиката во нано космосите на душевните пространства. Таму каде се протега најдлабоката интима на постоењето Краличин го надминала лимитот на времето и на просторот со успешност на автор кој ги оживува своите ликови во делата и кои говорат само кога се разбира нивниот начин на обраќање. Специфичноста како нивна карактеристика е уникатноста со која вреди одблизу да се запознае читателот, во индиректна комуникација преку ликот со авторката.

Токму затоа делата на писателката Кристина Краличин манифестираат силно енергетско поле со кое квантитетот го отвора хоризонтот за реалниот квалитет.

Надвор од градот, во градина / Off Urban, In Garden

Надвор од градот, во градина / Off Urban, In Garden

Проект „Надвор од градот, во градина“ - Каталог на ресторани надвор од урбаните средини за 2025 година

Read More