•  15.2.2025 22:10

„Ценев дека тоа што романот е влезен во најтесниот избор за наградата Пегаз е мошне значајно за еден ваков роман, и дека тоа ќе го докомплетира моето дело во целина. Многу ми значи оваа награда, поточно тоа што романот се најде во најтесниот избор на Пегаз бидејќи е престижна награда за секој автор. Со голема љубов го отворам моето срце и еве го подарувам на читателите ветувајќи дека И понатаму ќе продолжам да творам И нема да запрам, бидејќи пишувањето е нешто за што сум се предодредила, чинам уште „пред да се родам.“

  •  11.2.2025 22:10

„Романот „И“ е мој четврти роман. Сите мои романи досега се различни не само по содржината туку и по стилот на изразување. Но, чинам дека овој мој последен роман се разликува од другите не само поради тоа што станува збор за ликови и дејствија кои навистина се случиле во минатото на нашето македонско тло во едно македонско село, туку се разликува и според начинот на кој се роди како идеја којашто понатаму се оформи во книжевно дело.“

  •  25.4.2024 09:10

Гостување на Кристина Краличин, новинар Ирена Спировска - говориме за Промоција на збирката поезија „Една ноќ“ во Промо-центарот на Саемот на книга 2024.

  •  16.2.2024 08:30

Се работи за едиција од 14 романи кои меѓусебно се поврзани на еден специфичен и невообичаен начин. Нишката што ги поврзува тие романи лежи во самата содржина на романите, иако темите што се разработуваат се различни.