„Романот „ДЕНОТ ПРЕД ДА СЕ СТЕМНИ“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа. Главниот лик на романот – Роберт Хил заминува да живее и работи во друга земја надвор од своето родно место, оставајќи го минатото зад себе во очекување да ја пронајде личната афирмација на професионален и приватен план. Сепак, судбината не се одвива според неговиот план, таа има свој начин на презентирање нови животни предизвици во вителот на неочекуваните случувања и ситуации, што за Роберт Хил ќе претставуваат своевидно губење на личната слобода и разнишување на сопствената самодоверба. Тој првпат во животот ќе се судри со притисок наметнат од страна на неговиот работодавец и под силниот удар на мобингот ќе ја бара онаа страна на судбината што ќе може да го изведе надвор од душевните стеги.
Романот „ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ВТОРА КЛАПА – СЦЕНАРИОТО НА НЕМИОТ СВЕДОК“ е психолошки роман со хорор-секвенции, кој го пренесува најдлабокото скриено искуство на сценаристот Тери Милер, кој живее и работи во градот Остин во Тексас, Америка. При едно патување во градот Далас за снимање сцени за филмот на кој работи, доживува сообраќајна несреќа што комплетно ќе му го измести неговиот поглед на светот и на животот, а особено затоа што има жртва за која тој се обвинува себеси. Тери Милер ја започнува својата психолошка драма во која неговата свест бара начини да се избори со илузијата што му ја креираат неговите мисли. Романот изобилува со богат книжевен речник, уметничко-литературен функционален стил на изразување во филозофскиот аспект на основните животни прашања, особено кога главниот лик се наоѓа во вклештениот простор помеѓу минатото и иднината, просторот на разбудените спомени од детството во кохезија со иднината што темелно ја визуализира за филмот „РЕМ-семиреалност во 5.000-та година“. Ова е експлицитен психолошки роман со индоктринирани испреплетени сегменти на научнофантастичен жанр. “ - изјави Кристина Краличин
Писателката Кристина Краличин беше облечена во Елена Лука која е постојана поддршка на стајлингот на писателката.
Погледнете го целото гостување на Кристина Краличин: