Во рамките на второто издание на Skopje Fashion festival, етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА ја промовираше својата нова колекција „Satin Dream" за сезоната пролет-лето'23 и претстави неверојатен раскош од сатен пред многубројната публика. ЕЛЕНА ЛУКА го затвори првиот дел од вечерната програма со ексклузивна модна ревија на која беа презентирани атрактивните дизајни од новата свечена колекција.
На ревијата присутна беше и писателката, поетеса и новинарка, Кристина Краличин, која исто така не ја сокри својата фасцинација од колекцијата. „Мене многу ми се допадна колекцијата затоа што ЕЛЕНА ЛУКА знае како да ја истакне и потенцира елеганцијата кај жената и женската линија. И дефинитивно оној раскош кај жената е одлично претставен во колекцијата Satin Dream.", изјави Краличин која наедно ни откри дека во својата колекција има парчиња од ЕЛЕНА ЛУКА, а и на самата вечер беше облечена во кожен комплет во беж боја со потпис од брендот.
„ЕЛЕНА ЛУКА комплетно може да се носи со светската мода, рамо до рамо со светските креатори, затоа што ЕЛЕНА ЛУКА го поседува тоа ретко кој од домашните креатори го имаат, како начинот и стилот на изразување", додава Краличин.
Текстот е преземен од Fashionel.mk - Линк до оригиналниот пост.