„Инспирацијата е насекаде околу нас. Креативниот човек ќе пронајде инспирација во сѐ што го опкружува. Јас веќе еднаш пред медиумите и споменав дека најважното за поетите и писателите е да бидат инспирирани, но и да даваат инспирација, односно да бидат инспиративни. Без тоа, тешко дека ќе може да наидат на побарување на нивните дела од страна на читателската публика. Најголемата инспирација за мене е да се вратиме ние луѓето кон вистинските морални вредности кои не треба да ни бидат кажани кои се по дефиниција, туку оној глас во нас потајно што ни кажува што е исправно и човечки, а што не е. Никогаш тоа вродено чувство не треба да го погазиме. Во време на потиснување на културата од глобалните геополитички движења, од тоа што сме блокирани од превривањата на светската сцена, културата и вредностите се наоѓаат во заден план. Време е да се потенцира љубовта повторно во сите сфери на нашето постоење и време е да се врати културата и уметноста во преден план.“ - изјави Кристина Краличин
Писателката Кристина Краличин беше облечена во Елена Лука која е постојана поддршка на стајлингот на писателката.
Погледнете го целото гостување на Кристина Краличин: