Писателката Кристина Краличин присуствуваше на свеченото отворање на 66-от Саем на книга во Белград. На овој свечен настан Краличин беше облечена во црн сет од панталони и сако со кристали на ракавите, во вид на цветови. Елегантното сако од ЕЛЕНА ЛУКА има специфична должина и се запетлува асиметрично. Комплетот е идеално решение за секоја модерна и деловна жена, бидејќи е совршена комбинација на класиката со модерна елеганција.
Инспирацијата е насекаде околу нас. Креативниот човек ќе пронајде инспирација во сѐ што го опкружува. Јас веќе еднаш пред медиумите и споменав дека најважното за поетите и писателите е да бидат инспирирани, но и да даваат инспирација, односно да бидат инспиративни.
Поет не може да биде оној кој не се спознал себе си, бидејќи е парадоксално создавањето на таква поезија која нема стегната форма и нема суштина.
Македонската новинарка, писателка и поетеса Кристина Краличин ја промовираше стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори", на 20 октомври 2022 година, во пријатната атмосфера на Morris Caffe Bar во Дебар маало.
Зборот како темел на мислата, како фундамент, стартната точка за неимарот на емотивната експанзија, кога на него се налепуваат и се поврзуваат чувствата и како готов производ се изнесуваат пред јавноста на виделина.