25 Oct
25Oct

Писателката Кристина Краличин присуствуваше на свеченото отворање на 66-от Саем на книга во Белград. 

На овој свечен настан Краличин беше облечена во црн сет од панталони и сако со кристали на ракавите, во вид на цветови. Елегантното сако од ЕЛЕНА ЛУКА има специфична должина и се запетлува асиметрично. Комплетот е идеално решение за секоја модерна и деловна жена, бидејќи е совршена комбинација на класиката со модерна елеганција.

За време на престојот во Белград, изминатите денови освен работни средби присуствуваше и на посебни свечени настани. За тие прилики беше облечена во два екстравагантни фустани на ЕЛЕНА ЛУКА. 

„Долгиот црн фустан со цветови кај мене ја разбуди нежната женска страна, имав чувство како да сум дел од прекрасната природа, поточно како нескинат цвет од цветна градина. Чипката во горниот дел од фустанот е тесно припиена на телото, со елегантна линија, а долниот дел е раскошен со изразит сјај и ја истакнува женската нежност уште повеќе.“

„Зелен фустан со пердуви што е тесен и во долниот дел од десната страна има шлиц, ја доловува сензитивната и сексипилната страна на жената. Пердувите во горниот дел што се наоѓаат само од десната страна му даваат некаква асиметрична посебност на фустанот, а плисето по целиот фустан има различни правци на поставеност, што го прави женското тело неодоливо. Фустанот на грбот е отворен со вкрстени врвки. Сите овие елементи што го комплетираат фустанот како една совршена креација ја акцентираат неговата специфичност. Бојата според мене е неодолива и мислам дека совршено би и прилегал на секоја жена.“ 

„Би сакала повторно да го изразам задволството за соработката со тимот од професионалци на ЕЛЕНА ЛУКА, што секогаш изненадуваат со нови и прекрасни креации.“ - рече за оваа прилика Краличин.

Текстот е преземен од Fashionel.mk - Линк до оригиналниот пост.

Comments
* The email will not be published on the website.