Секој збор има значење. Сам или во синтаксичен спој со други зборови тој е мисла која нема видливост без него. Зборот ја мие мислата и ја прочистува до кристална фонологија на сите сетилата, кога ќе се запише и излезе на виделина пред читателите. Со него се одголува душата на писателот со единствена и уникатна препознатливост.
Морфолошката манифестација изнесена преку писателската дејност на писателот Кристина Краличин ја експлицира сета онаа внатрешна содржина што ја обојува душата со елоквентна шареноликост, разнобојност и естетика на чувствата. Во такви недопрени длабочини владее хармонија на спој од умот и универзумот како нераскинлив дел на свеста дека ѝ припаѓаме на таа целина како нејзин составен дел, како нејзина бесконечност.
Со тага или со среќа, животот наизменично ја трепери и исполнува човечката димензија, за што Краличин опејува песни во своето поетско дело „Патот на душата по зборот што гори“, кои мошне успешно и детерминирано ја досегаат можноста на невозможното во една безвремена перфекција. Темите што ги обработува го допираат секој човек, без исклучок, а тогаш зборот на Краличин значи многу повеќе од збор.
Тој има значење на ЖИВОТ.
Автор: Кристина Краличин
Оригинален наслов: „Патот на душата по зборот што гори“
Категорија/жанр: Поезија
Издавач: ИД Концепт - Чудна Шума
Едиција: Корија
Јазик: Македонски
Формат: А5
Повез: Мек
Број на страници: 80
ISBN: 978-608-4938-36-1
Година на издавање: 2022
Тираж: 300 (прво издание)