19 Oct
19Oct

„Кога душата на поетот се распостила на белиот лист хартија, тогаш песните се патот по кој таа минува. Секое нејзино стојалиште, секоја точка на која застанува да се одмори одејќи низ нејзините бесконечни пространства е зборот. Зборот како темел на мислата, како фундамент, стартната точка за неимарот на емотивната експанзија, кога на него се налепуваат и се поврзуваат чувствата и како готов производ се изнесуваат пред јавноста на виделина.“ - Кристина Краличин


„Да се изгради песна што ќе живее, треба да се даде и дел од своето срце, да се даде импулс за живот на песната, таква енергија со која е видлива дури и најдлабоката човекова интима. Како што споменав во една од моите песни: „Зборот, незаборавот - сврзното ткиво на моите размисли ја има сета суптилна моќ, да ја преточи душата во избрусен стих, интонација и песна.“ - Кристина Краличин

Писателката Кристина Краличин беше облечена во Елена Лука која е постојана поддршка на стајлингот на писателката.

Погледнете го целото гостување на Кристина Краличин (English Subtitle):

Comments
* The email will not be published on the website.