Писателката Кристина Краличин присуствуваше на свеченото отворање на 66-от Саем на книга во Белград. На овој свечен настан Краличин беше облечена во црн сет од панталони и сако со кристали на ракавите, во вид на цветови. Елегантното сако од ЕЛЕНА ЛУКА има специфична должина и се запетлува асиметрично. Комплетот е идеално решение за секоја модерна и деловна жена, бидејќи е совршена комбинација на класиката со модерна елеганција.