Писателката беше облечена во елегантна бела комбинација со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. Уникатниот костум е спој на модерна естетика и безвременска елеганција, со асиметричен украс на едното рамо што му дава дополнителна нота на автентичност.
Гостување на Кристина Краличин, новинар Бисера Ловачева - Промоција на романите „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“ - 23 февруари 2024
Гостување на Кристина Краличин, водител Јована Костадиновска - Прва награда во Италија на меѓународен литературен конкурс и промоција на два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“.
Се работи за едиција од 14 романи кои меѓусебно се поврзани на еден специфичен и невообичаен начин. Нишката што ги поврзува тие романи лежи во самата содржина на романите, иако темите што се разработуваат се различни.
Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со почеток од 19 часот се одржа промоција на двата нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ од авторката Кристина Краличин пред стотина гости кои присуствуваа на овој настан.
Еден роман се пишува користејќи го насобраниот депозит во својата душа низ животот. Не се пишува веднаш, не се пишува преку ноќ, тој е дел од сѐ тоа што значи комплетност на една личност, како што се: образованието, културата, искуствата, афинитетите и, секако, природниот талент што се поседува – вели авторката
Тематиката на романот „Дното на моето небо“ е врамена во комбинирана кохезивност на психолошки, љубовни, филозофски детерминирани вертикали низ кои се преплетуваат праволиниски сентиментални тонови.
„Дното на моето небо“ е неверојатен и незаборавен љубовен роман, но не онаков каков што очекувате. Оваа извонредна книга го истражува стравотниот скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.