„Тематиката на романот е врамена во комбинирана кохезивност на психолошки, љубовни, филозофски детерминирани вертикали низ кои се преплетуваат праволиниски сентиментални тонови. Инспирацијата е позајмена од самиот живот, оној што го живееме сите ние како комплексен концепт на сето она што претставува убаво и неубаво, или сето она што е исполнето со среќа, радост, љубов од една страна и несреќа, болка и тага од друга страна. Воедно, испирацијата за овој роман беше и самата мотивација да им се даде внатрешна сила на читателите кои делат слична судбина, да им се даде снага за да продолжат понатаму по патеката животот и да дојдат до посакуваната цел. Таа мотивација што главниот лик ја поставува пред себе е нишката што ги поврзува деловите на романот во една завршена целина.“ - изјави Кристина Краличин
Писателката Кристина Краличин беше облечена во Елена Лука која е постојана поддршка на стајлингот на писателката.
Погледнете го целото гостување на Кристина Краличин: