Во просториите на Дирекцијата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје на 10 март беше одржана заедничка дружба – книжевно матине. На настанот присуствувше поетесата и писателка Кристина Краличин, која ја претстави својата издадена прозна книга „Дното на моето небо“ и најдобриот млад научник во хуманистичките науки – Иван Антоновски
Еден роман се пишува користејќи го насобраниот депозит во својата душа низ животот. Не се пишува веднаш, не се пишува преку ноќ, тој е дел од сѐ тоа што значи комплетност на една личност, како што се: образованието, културата, искуствата, афинитетите и, секако, природниот талент што се поседува – вели авторката
Тематиката на романот „Дното на моето небо“ е врамена во комбинирана кохезивност на психолошки, љубовни, филозофски детерминирани вертикали низ кои се преплетуваат праволиниски сентиментални тонови.
Вчеравечер се одржа промоцијата на првиот роман на писателката Кристина Краличин - „Дното на моето небо", во издание на ИД-Концепт паблишинг.
„Дното на моето небо“ е неверојатен и незаборавен љубовен роман, но не онаков каков што очекувате. Оваа извонредна книга го истражува стравотниот скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.