03 Mar
03Mar

Вчеравечер се одржа промоцијата на првиот роман на писателката Кристина Краличин - „Дното на моето небо", во издание на ИД-Концепт паблишинг. Ова е втора книга на Краличин, по стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори", која беше промовирана минатата година.Промотори на настанот беа новинарката Сребра Ѓорѓијевска и писателот Денис Бојаров, додека извадоци од романот читаше актерот Благоја Чоревски. 

„Тематиката на романот е врамена во комбинирана кохезивност на психолошки, љубовни, филозофски детерминирани вертикали низ кои се преплетуваат праволиниски сентиментални тонови. Инспирацијата е позајмена од самиот живот, оној што го живееме сите ние како комплексен концепт на сето она што претставува убаво и неубаво, или сето она што е исполнето со среќа, радост, љубов од една страна и несреќа, болка и тага од друга страна. Воедно, испирацијата за овој роман беше и самата мотивација да им се даде внатрешна сила на читателите кои делат слична судбина, да им се даде снага за да продолжат понатаму по патеката животот и да дојдат до посакуваната цел. Таа мотивација што главниот лик ја поставува пред себе е нишката што ги поврзува деловите на романот во една завршена целина", вели писателката за својот прв роман кој по својот жанр е модерен роман.

 За промоцијата на романот, исто како и претходно за промоцијата на стихозбирката, писателката Краличин беше стилизирана во авангардна комбинација на брендот ЕЛЕНА ЛУКА. Овојпат акцентот во изгледот беше ставен на екстарванагнтото сако со артистична естетика, во впечатлива сино-црна комбинација со плисирани ракави и рачно доработени детали со кои се нагласени рамената. За позитивното искуство со реномираниот моден бренд, писателката вели:

„Соработката со ЕЛЕНА ЛУКА за мене претставува особена чест, бидејќи во модната линија којашто е застапена кај моделите на ЕЛЕНА ЛУКА ги пронајдов своите внатрешни поимања за убавината, елеганцијата, естетиката, како и нивната практичост и удобрност. Поточно, минатата година спонтано започна соработака на обострано задоволство и се надевам дека ќе трае долг период".Нашиот разговор го заокруживме со прашањето за личното доживување на Краличин на празникот на жената, 8-ми Март.

„Околу празникот на жената, 8-ми март би рекла дека тој празник го почитувам од аспект што ја почитувам жената како една комплетна личност во улога на сопруга и мајка, но и онаа самостојна и борбена жена во духот и во свеста која успева да го најде своето место во општеството, да ги постави темелите во домот, во работата, и во секојдневните обврски. Срдечно им го честитам празникот на сите жени, а воедно би сакала да потенцирам дека жената и книгата се на некој начин поврзани и сраснати, како една заедничка движечка сила што го води светот напред во поубава и подобра иднина. Согласно темата обработувана во мојот роман „Дното на моето небо" и сето она што го споменав погоре, книгата е совршен подарок за секоја жена на овој празник. Имено, издавач на романот е ИД концепт – Чудна шума, а истиот може да се најде во книжарниците на Литература.мк: на Ул. Македонија, ТЦ Буњаковец, Веро центар и во книжарницата Антолог во Скопје, а понатаму ќе може да се најде и во останатите книжарници".

Кристина Краличин е поетеса и писателка, по вокација филолог, а говори течно четири светски јазици. Љубовта кон јазиците и кон пишаниот збор ја води уште од најраното детство, кога започнува со пишување на првите песни и токму затоа нејзиното образование и животна определба се насочуваат кон изучувањето на книжевноста. Пишувањето за неа значи нераскинлив сегмент во нејзиното секојдневие, таа со голема умешност и вештина ги обликува своите пишани дела во книги кои се исполнети со аналитичност, сензитивност и интимност. Напишани со раскошен и богат речник, ги опфаќаат најдалечните хоризонти на мислата и зборот, недоглед на убавината, успеваат да допрат до читателот, до најскриените делови на душевните пространства. Книги што носат порака и што долго се паметат.

Текстот и фотографиите се преземени од Fashionel.mk - Линк до оригиналниот пост.

Comments
* The email will not be published on the website.