Промовираме литература на работно место. - ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје
Како дел од политиката на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во насока на одговорно корпоративно работење и остварување долгорочен одржлив напредок и развој на општеството, како и грижа према вработените, во просториите на Дирекцијата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје на 10 март беше одржана заедничка дружба – книжевно матине. На настанот присуствувше поетесата и писателка Кристина Краличин, која ја претстави својата издадена прозна книга „Дното на моето небо“ и најдобриот млад научник во хуманистичките науки – Иван Антоновски, кој пред присутните ја претстави својата книга „Идентитетот е приказна“, издадена по повод 70 години од раѓањето на драмскиот писател и есеист Горан Стефановски. Како дел од осмомартовското празнување, на дамите присутни на настанот им беа подарени примероци од романот „Доното на моето небо“, а во насока на поддршка на талентирани лица во нашата земја, Друштвото финансиски ќе го поддржи патувањето на Иван Антоновски во Париз, Франција, како дел од чествувањето на јубилеите – 100 години од раѓањето на еден од основоположниците на современата македонска поезија – Ацо Шопов и 50 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО). Корпоративната општествена одговорност на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје е во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации и воедно ги следи позитивните примери од домашната и од светската пракса.
Писателката Кристина Краличин беше облечена во Елена Лука која е постојана поддршка на стајлингот на писателката.
Текстот и фотографиите се преземени од Winner.mk - Линк до оригиналниот пост.