Гостување на Кристина Краличин, водител Јована Костадиновска - Прва награда во Италија на меѓународен литературен конкурс и промоција на два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“.
- „Кога сакам да го опишам тоа што сум одбрала да го работам како тематика, да ги опишам главните ликови, локациите, местата на акцијата од голема важност е што треба да пренесам во романот, а што треба да занемарам. На што најмногу да ставам акцент, дали тоа ќе биде моменталниот израз на лицето, описот на природата, погледот низ отворениот прозорец или дејствието што го врши ликот во моментот. Но своите дела јас и откако ќе ги напишам ги препрочитувам по многу пати со цел да изменам, додадам или одземам нешто што заслужува внимание. Не водам битка со своето дело, не се борам со мојата определба додека пишувам, јас единствено се борам со времето. Би сакала да имам многу повеќе време и слободен простор за пишување. Тоа е таа битка што редовно ја водам додека пишувам“ - изјави Краличин.
Писателката Кристина Краличин беше облечена во Елена Лука која е постојана поддршка на стајлингот на писателката.
Погледнете го целото гостување на Кристина Краличин: