Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со почеток од 19 часот се одржа промоција на двата нови романи „Денот пред да се стемни" и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок" од авторката Кристина Краличин пред стотина гости кои присуствуваа на овој настан.
Писателката беше облечена во елегантна бела комбинација со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. Уникатниот костум е спој на модерна естетика и безвременска елеганција, со асиметричен украс на едното рамо што му дава дополнителна нота на автентичност. Модерната линија на горниот делсо специфична должина, дизајниран во глок од половината надолу и елегантните панталони го изразуваат креативниот стил на ЕЛЕНА ЛУКА.
Краличин остави силен впечаток кај присутните, како со својот јавен настап, богат речник и промотивниот говор за своите романи, така и со својот надворешен изглед.
Во една пријатна и релаксирана атмосфера промоторите Билјана Црвенковска и проф. д-р Ермис Лафазановски, имаа свое излагање при што се говореше за структурата и содржината на самите романи, но и за едицијата од која тие се дел и којашто ќе следи во следниот неколкугодишен период. Делови од романите читаше актерката Дарја Ризова.
Текстот е преземен од Fashionel.mk - Линк до оригиналниот пост.