•  5.8.2023 17:30

Поетесата и писателка Кристина Краличин се закити со уште едно признание во областа на литературата. Во конкуренција од над 1.200 учесници од целиот свет на Меѓународната награда за поезија „Убавината останува“ (La Bellezza Rimane), Кристина Краличин се издвои со поемата „Една насмевка“ (Un sorriso) напишана оригинално на италијански јазик.