05 Aug
05Aug

Поетесата и писателка Кристина Краличин се закити со уште едно признание во областа на литературата. Во конкуренција од над 1.200 учесници од целиот свет на Меѓународната награда за поезија „Убавината останува“ (La Bellezza Rimane), Кристина Краличин се издвои со поемата „Една насмевка“ (Un sorriso) напишана оригинално на италијански јазик. 

Наградите ќе се доделуваат на 25 август 2023 година за време на Националниот фестивал на Биоетика во Санта Мариа Лигуре, (Џенова), Италија. 

Оваа претижна награда се реализира под покровителство на: УНИЦЕФ (Регионален комитет на Лигурија), Европска Унија, Регион Лигурија, Општина Санта Маргерита Лигуре, Националниот институт за Биоетика, 100 илјади поети за промена, Де Климаат Дихтерс, Џенова Поезија, Поети на писмото, и Издавачот Лавинија Дикинсон.

Жири-комисијата со еминентни членови од целиот свет, којашто ги разгледуваше пристигнатите поеми, е во состав: Gilberto Salmoni (почесен претседател), Roberto Malini (претседател), Terri Carrion, Els De Groen, Agata De Nuccio, Amina Di Munno, Maria Eugenia Esparragoza, Steed Gamero, Simohamed Kaabour, Alatishe Kolawole, Miriam Kraus, Daniela Malini, Skylar Petrah, Dario Picciau, Glenys Robinson, Michela Scomazzon Galdi, Liudmila Vladova Olenovych. 

Превод на македонски јазик:

НАСМЕВКА 

Толку многу мали
ѕвонливи кристали
што го рефлектираат спектарот
на далечните ѕвезди.
Разиграни емоции
како брзи колибри
ги надлетуваат хоризонтите
и го забрзуваат срцето.
Толку многу меки рози
што кадифено ја галат душата
се вклопуваат во сè
што се нарекува свето.
Да, толку многу нешта,
убавината, природата што ја познава
може да се сумира
во само една твоја насмевка.
Твоето присуство е тука
и кога ќе заминеш
ќе те носам во мене каде и да одам
затоа што ти си убавината на мојот живот,
ти си моето сè.

***

UN SORRISO 

Tanti piccoli,
cristalli scintillanti
riflettono lo spettro
nelle stelle lontane.
Emozioni giocose
come un veloce colibrì
volano oltre l'orizzonte
e accelerano il cuore.
Tante morbide rose
vellutati accarezzano l'anima
si fondono in tutto ciò
che si chiama sacro.
Sì, tante cose,
la bellezza, la natura che conosce
si può riassumere
in un solo tuo sorriso.
La tua presenza è qui
e quando te ne sei andato
ti porto dentro di me ovunque vado
perché tu sei la bellezza della mia vita,
tu sei il mio tutto.

***

Comments
* The email will not be published on the website.