•  3.9.2024 16:34

Во најтесниот избор на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев.

  •  12.7.2024 06:00

На 10 јули 2024 година во спомен собата на Анте Поповски, на Кристина Краличин ѝ беше врачена наградата за освоеното ПРВО место во категоријата „International“ на Конкурсот „Il Parnaso - Premio Angelo La Vecchia“ за 2023 од страна на уметничкиот директор на Конкурсот, професорот Калоџеро Ла Векија

  •  19.9.2023 22:00

На престижното VIII издание на Меѓународниот конкурс "Il Parnaso - Premio Angelo La Vecchia" 2022/2023, Кристина Краличин ја освои ПРВАТА награда со поемата „На работ на хоризонтот“ преведена на италијански јазик ("Ai Confini dell'Orizzonte") во Категоријата: International, во конкуренција од стотици испратени поеми од целиот свет.

  •  5.8.2023 17:30

Поетесата и писателка Кристина Краличин се закити со уште едно признание во областа на литературата. Во конкуренција од над 1.200 учесници од целиот свет на Меѓународната награда за поезија „Убавината останува“ (La Bellezza Rimane), Кристина Краличин се издвои со поемата „Една насмевка“ (Un sorriso) напишана оригинално на италијански јазик.

  •  1.5.2023 08:50

Поетесата Кристина Краличин учествуваше на Седмиот меѓународен поетски конкурс во организација на „Поети 2000 - Поезија во светот“ (Poeti2000 - Poetry in the World) на тема: „Повторно раѓање“ ("Rinascere"), ја освои наградата „Најдобра странска поема“ (Miglior poesia straniera) со наслов „Советот на природата“ (Il consiglio della natura) напишана примарно на италијански јазик.

  •  13.4.2023 12:30

Поезијата насловена „Еден ден“ ("Un giorno") напишана на италијански јазик на Кристина Краличин избрана за Антологијата на поезија од разни автори - Второ издание, 2023 година. Како дел од Второто издание на „Литературната награда - Автор МВ“ во конкуренција од 311 учесници.