12 Jul
12Jul

На 10 јули 2024 година во спомен собата на Анте Поповски, на Кристина Краличин ѝ беше врачена наградата за освоеното ПРВО место во категоријата „International“ на Конкурсот „Il Parnaso - Premio Angelo La Vecchia“ за 2023 од страна на уметничкиот директор на Конкурсот, професорот Калоџеро Ла Векија, што се организира деветта година по ред во чест на познатиот драмски писател и новинар Анџело Ла Векија од Каникати, Сицилија.

„Поезијата е јазик што не познава граници“, вели професорот Ла Векија. „Преку моќта на зборовите, можеме да изградиме мостови на разбирање и меѓусебно почитување, надминувајќи ги културните и јазичните бариери“, подвлекувајќи ја важноста на поезијата како универзален јазик на мирот.

Манифестацијата беше организирана повод Седмото издание на „Антево слово“ и свеченото доделување на наградите за добитниците на „Антево Слово“ во изминативе пет години, но и на добитничката на единствената ПРВА награда освоена на конкурсот „Il Parnaso - Angelo La Vecchia“ во Италија, во категоријата „International“, Кристина Краличин. Поемата „НА РАБОТ НА ХОРИЗОНТОТ“ како ПРВОНАГРАДЕНА во конкуренција на поголем број на творби од 29 различни држави, е објавена во Антологијата од Конкурсот на италијански јазик за 2023 година. 

Повеќе информации за Конкурсот „Il Parnaso - Premio Angelo La Vecchia“ и учеството на Кристина Краличин на овој конкурс во 2023 година, на следниов ЛИНК.

Comments
* The email will not be published on the website.