19 Dec
19Dec

Што е потребно за вистинска празнична магија? Веројатно секој има свој одговор на ова прашање и формулата за среќни празнични денови е многу интимна и лична, но приказната на ЕЛЕНА ЛУКА е бајка во која секој ќе препознае барем еден сегмент од својата среќа.

Топла атмосфера, прекрасно друштво, пријатна и позитивна енергија и на сето тоа еден префинет моден раскош кој го доловува духот на празниците со сиот негов сјај.

Ребека, Ирена, Вера и Кристина четирите прекрасни дами во друштво на малите ЕЛ принцези, секоја со свој сензибилитет и сензуалност, на најубав можен начин го отсликаа гламурот на ЕЛЕНА ЛУКА создаден за да ѝ даде посебен печат на новогодишната сказна раскажана преку новогодишниот моден едиторијал.

ЕЛЕНА ЛУКА дизајнираше ексклузивна капсулна свечена колекција, надополнета со специјална детска линија, по принципот „Custom Made" прикажувајќи ја суштината на празничната атмосфера: да блескаме одвнатре, но и однадвор и на најубав можен начин да се поздравиме со годината во заминување. Празничната честитка на ЕЛЕНА ЛУКА испишана со ракописот на модната магија, треба да ја испрати пораката за вистинската убавина, онаа која обединува, оплеменува и ги прави луѓето среќни.  

„Идејата за овој моден едиторијал беше да се потсетиме на топлината и суштината на празниците. До нашат публика да допреме со една убава и пријатна порака која ќе потсети на сите нешта во животот кои нѐ прават среќни, кои ни носат возбуда во секојдневието и едноставно денот ни го прават исполнет. А модната магија секако дека ја има таа моќ. Бескрајно им благодарам на моите прекрасни дами Ребека, Ирена, Вера и Кристина, како и на најшармантните мали ЕЛ принцези, што пораката на ЕЛЕНА ЛУКА ја пренесоа на вистинскиот начин, достоинствено, искрено и со една прекрасна, женствена енергија со која ги оплеменија уникатните креации што се дизајнирани специјално за да им дадат посебен сјај на празниците", изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА. 

А целиот процес во создавањето на празничната колекција е посебна приказна на која е посветено посебно внимание, труд и креативен пулс за да се создаде една бајковита целина, која ќе го спои целиот диверзитет на карактери, емоции и естетика, така за да може секоја дама да се пронајде во нејзиниот одраз.

Користени се најпрефинети материјали, кои ќе ги почувствувате како дел од себе, дефинирани во перфектно моделирани форми, акцентирани со екстравагантни детали. Гламурозно, блескаво, посебно – по мерка на таа единствена димензија на празниците. Вистинско модно волшепство! За време на фотосесијата, во целиот тој убав празничен амбиент имавме прилика да поразговараме со четирите дами, кои ни ги пренесоа и своите лични импресии.

Кристина Краличин изјави за Fashionel.mk:

- Каков е вашиот впечаток за иницијативата на ЕЛЕНА ЛУКА за една ваква празнична фотосесија? 

Кристина: Одлична иницијатива на ЕЛЕНА ЛУКА. Впечатоците не можат да се соберат на едно место затоа што замислата што ЕЛЕНА ЛУКА ја има за ваков тип на фотосесија е прекрасна и фантастично е тоа што брендот има да го раскаже преку оваа приказна. Жената е прикажана од различни аспекти, не само од моден, туку и во една топла, пријатна атмосфера што овие празнични моменти треба да ја имаат. Гламурот е крактеристичен израз на ЕЛЕНА ЛУКА и впечатокот од сето ова ме оплеменува.

- Бидејќи празниците што ни претстојат секогаш се поврзани со убави емоции, љубов и пријателство, кажете ни малку повеќе за вашето пријателство со ЕЛЕНА ЛУКА низ годините? 

Кристина: Моето пријателство со ЕЛЕНА ЛУКА е од неодамна, но имаме толку многу убава конекција бидејќи мојот стил на изразување целосно се поклопува со визијата на брендот. Се чувствувам како отсекогаш да сум соработувала со ЕЛЕНА ЛУКА.

- Опишете ни каков дизајн носите специјално за оваа фотосесија и како Вие лично се чувствувате кога го носите на себе? 

Кристина: Прекрасно се чувствувам во оваа празнична креација и од аспект на квалитетот како е изработена и во однос на естетиката. Едноставно беспрекорно. Дизајнот навистина е доведен до перфекција. А во однос на квалитетот сакам да поентирам дека е толку добро изработена креацијата што ја чувствувам како дел од себе.

- Која е Вашата празнична порака до читателите на Фешнел? 

Кристина: Сакајте се, љубете се и љубете ги вашите ближни и изразувајте го тоа што го чувствувате на најдобар можен начин.

Текстот и фотографиите се преземени од Fashionel.mk - Линк до оригиналниот пост.

Comments
* The email will not be published on the website.