Празниците се за дарувања. И не само во материјална смисла, туку многу повеќе во духовна и емотивна, пресметана преку посветено време, љубов и внимание.
Токму во таков празничен манир, писателката Кристина Краличин која беше дел од магичната празнична фотосесија на ЕЛЕНА ЛУКА, ѝ посвети поема на модната куќа со која периодов имаше одлична соработка и токму така и ја завршува годината.
КОГА ЕСТЕТИКАТА ИМА ИМЕ
Сензуална, елегантна, суптилна,
ги понесува чувствата уште на прв поглед,
тивко се доближува, ненаметливо,
како зората што во руменило ја прекрива ноќта,
плетејќи го сјајот на зраците со врвовите на планините
како котелци на мрежестата синевина
одблеснувајќи во езерските бранувања,
го разбранува и допира директно срцето,
во неговата најдлабока намера
во скриените мечти и копнежи
каде љубовта се крунисува со естетика.
Во сета таа кревка манифестација
таа истовремено е силна, горда, одлучна,
пред неа знаеш како да ја отвориш вратата на бескрајот
како што се отвара душата, како што се љуби недогледноста,
како што се топли шепотот од тоа небо,
бидејќи единствено таа знае како да го досегне
и да го прегрне светот со него.
Тоа е нејзиниот мотив за живот,
нејзиниот грев и утеха,
да љуби за да биде вљубена
да дарува за да биде подарена
да милува за да биде роса
што наутро ја претвара сета онаа
сива пајажина која го замотува погледот
во чудесна структура од ситни капки
што на сончевината и даваат изглед на
посебен кристал.
Таа и од таквата притаена и сива човечка недоследност
создава светлина.
Допри ја, почувствувај ја,
ЕЛЕНА ЛУКА.
Текстот и фотографиите се преземени од Fashionel.mk - линк до оригиналната објава.