Неодамна излезе од печат новиот број на Бизнис каталогот за 2024 година на Агенција Марили.
Марили ја негува својата долга традиција од 28 години на промоција на најдоброто од нашата земја во областа на културата, археологијата, економијата, спортот, медицината, како и екологијата.
Писателската кариера на Кристина Краличин е прикажана на страниците од Бизнис каталогот 2024 година сумирајќи ги нејзините поетски и прозни дела.
Во Каталогот се присутни и голем број бизнисинтервјуа на успешните жени менаџери, кои се дел од уште еден многу значаен проект со традиција од 28 години, манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ што, исто така, вклучува лауреатки и од регионот.
Линк до Бизнис каталогот 2024.