На Денот на жената 8-ми март се одржа средба и разговор со писателката Кристина Краличин на теми поврзани со инклузивноста на жената во општеството и нејзината улога во животот генерално.
Писателката неодамна ги промовираше нејзините нови два романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“. Во нејзините романи женските ликови се претставени преку различни професии: жени во медицината, новинарството, жени што работат во филмската продукција, актерки, костимографи, понатаму жени во науката, жени стручни во археологијата, палеографијата, физиката, па дури и во спортот. „Жените по бројност во севкупната светска популација се околу половина од неа, но во различни земји жените немаат адекватна застапеност во општествениот живот и институционалниот систем. Факт е дека современата жена е способна, силна и промислена личност, таа може да ги помести границите на стереотипната поставеност околу тие прашања и да се реализира многу повеќе во нејзината делотворност. Кога станува збор за придонесот на секоја индивидуа во општеството жените не смее да останат во изолација во некој меѓупростор на ограничено делување. Потребно е жената да биде уште повеќе вклучена во градењето на заедничкиот живот во земјава и пошироко во иднина во многу повеќе сегменти и нивоа на живеењето.“ - кажа писателката Краличин.
Како компанија, ВИНЕР секогаш се стреми и настојува да обезбеди и овозможи еднаков третман на жените, препознавајќи го нивниот непроценлив придонес и успех како во самата компанија, така и во целокупната заедница, бизнисот и општеството во целина.
ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како општествено одговорно друштво секогаш настојува да организира и да даде поддршка на настани од поширок интерес и со своето дејствување да даде дополнителна додадена вредност во општеството.
Текстот и фотографиите се преземени од Winner.mk - Линк до оригиналниот пост на фејсбук.