На 20 април во 18 часот во Промо-центарот на Саемот на книга 2024 во прекрасна атмосфера беше одржана промоција на новата збирка поезија на Кристина Краличин насловена „Една ноќ“.
Кристина Краличин во интервју за Капитал.мк открива повеќе за личниот порив кон пишувањето и естетиката на речта
На Денот на жената 8-ми март вработените на ВИНЕР одржаа средба и разговор со писателката Кристина Краличин на теми поврзани со инклузивноста на жената во општеството и нејзината улога во животот генерално.
Писателката беше облечена во елегантна бела комбинација со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. Уникатниот костум е спој на модерна естетика и безвременска елеганција, со асиметричен украс на едното рамо што му дава дополнителна нота на автентичност.
Гостување на Кристина Краличин, новинар Бисера Ловачева - Промоција на романите „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“ - 23 февруари 2024
Се работи за едиција од 14 романи кои меѓусебно се поврзани на еден специфичен и невообичаен начин. Нишката што ги поврзува тие романи лежи во самата содржина на романите, иако темите што се разработуваат се различни.
Писателката Кристина Краличин присуствуваше на свеченото отворање на 66-от Саем на книга во Белград. На овој свечен настан Краличин беше облечена во црн сет од панталони и сако со кристали на ракавите, во вид на цветови. Елегантното сако од ЕЛЕНА ЛУКА има специфична должина и се запетлува асиметрично. Комплетот е идеално решение за секоја модерна и деловна жена, бидејќи е совршена комбинација на класиката со модерна елеганција.
Во просториите на Дирекцијата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје на 10 март беше одржана заедничка дружба – книжевно матине. На настанот присуствувше поетесата и писателка Кристина Краличин, која ја претстави својата издадена прозна книга „Дното на моето небо“ и најдобриот млад научник во хуманистичките науки – Иван Антоновски
Тематиката на романот „Дното на моето небо“ е врамена во комбинирана кохезивност на психолошки, љубовни, филозофски детерминирани вертикали низ кои се преплетуваат праволиниски сентиментални тонови.
Вчеравечер се одржа промоцијата на првиот роман на писателката Кристина Краличин - „Дното на моето небо", во издание на ИД-Концепт паблишинг.
Празниците се за дарувања. И не само во материјална смисла, туку многу повеќе во духовна и емотивна, пресметана преку посветено време, љубов и внимание.